Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи Фернандез ќе добие нов договор од клубот, пренесува шпанскиот весник „АС“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот договор на Габи истекува во јуни 2018 година, а според новиот договор тој ќе остане „јорганџија“ до 2019 година.
34-годишниот фудбалер за врска добива нов договор исклучиво по настојување на тренерот Диего Симеоне.
Габи оваа сезона има запишано 8 настапи во шпанската Примера и е еден од најважните играчи во тимот на „Чоло“.