Дома Трансфер зона Атлетико се исплаши од тужба, па ќе плати 30 милиони за слободен трансфер

Атлетико се исплаши од тужба, па ќе плати 30 милиони за слободен трансфер

После неколкумесечен спор од Атлетико Мадрид се согласија да му платат на Спортинг Лисабон за трансферот на Желсон Мартинс, пренесува португалска „А Бола“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Желсон Мартинс имаше договор со португалскиот гигант и во него имаше откупна клаузула од 100 милиони евра. После проблемите кои ги имаа со фановите на Спортинг Лисабон, голем број на фудбалери го искористија тоа за да ги раскинат договорите.

На тој начин Мартинс ова лето пристигна во Атлетико Мадрид без обештетување.

Меѓутоа, клубот од Лисабон тврди дека фудбалерите противправно заминале и ги заплашија нивните нови клубови со тужби.

Веројатно адвокатите на Атлетико утврдиле дека ќе го загубат делото на суд и постигнале согласност со португалскиот клуб да платат 30 милиони евра за да се затвори случајот.

Истото ќе го направи и Вулверхемптон, кој за голманот Руи Патрисио се согласи да му плати 20 милиони евра на Спортинг Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…