Навивачите на Атлетико Мадрид имаат многу причини за оптимизам по синоќешната изјава на нивниот најдобар играч, Антоан Гризман ќе остане верен на Атлетико и следната сезона.
Меѓутоа, тоа не беше крај на убавите вести. Облак и Гименез ги продолжија договорите, Лемар пристигна, а според пишувањата на медиумите во Шпанија, во Атлетико би можел да пристигне уште еден фудбалер на Монако. Станува збор за одличниот бек, Џибрил Сидибе кој е на чекор до Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Диего Симеоне е одлучен дека оваа сезона ќе се обиде да ја освои титулата во Шпанија и Лигата на Шампионите, чие финале се игра токму на нивниот стадион. Така искусниот стратег одлучи да го сочува моторот на тимот и да ги задржи свотие најдобри играчи. Од клубот нема да си заминат Коке и Вршаљко, а Гименез и Годин сигурно ќе бидат стоперскиот тандем и следната сезона. Клубот би можело да го напуши евентуално само Стефан Савиќ.
Јасно е дека Симеоне сака да има што подолга клупа за предизвиците кои го очекуваат следната сезона, па да потсетиме дека во клубот се врати Родри од Виљареал. Ќе видиме како ќе заврши ова, но навивачите на клубот од Мадрид имаат многу причини за задоволство на стартот на овој трансфер период.