Приказната за заминувањето на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид ова лето во редовите на Барселона е се повеќе интензивна, а изгледа дека во мадридскиот клуб се свесни дека мораат да почнат да бараат замена.
Според пишувањето на италијанските медиуми, управата на Атлетико Мадрид на листата има неколку напаѓачи кој ќе се обидат да ги донесат на крајот од сезоната доколку Гризман го напушти клубот. Наводно, на врвот е колумбискиот фудбалер Дуван Запата кој во моментов игра за Сампдорија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Запата од 2013. година е член на Наполи, а изминативе три сезони игра на позајмица. Претходните две години играше за Удинезе, додека оваа сезона е во Сампдорија за кого на 23 натпревари постигна девет гола.
Сампдорија веќе го договори откупувањето на договорот од Наполи за 15 милиони евра, но изгледа дека ќе заработи дупло повеќе само неколку дена откако ќе го откупи договорот. Атлетико Мадрид стави до знање дека го сака Запата доколку Гризман си замине, но од Сампдорија јасно кажаа дека може да си оди за 30 милиони евра.