Атлетико Мадрид сака да се соработува со Јувентус.
Имено, „Бјанконерите“ го сакаат стоперот Хозе Хименез кој има клаузула од 60 милиони, се споменува и Јунајтед, но агентот разговарал со Јувентус. Уште минатата година Италијаните сакаа да го доведат, Атлетико би се сголасил на договор, но само доколку во него биде вклучен Родриго Бентанкур.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уругваецот пристигна од Бока, Јуве ја искористи опцијата кога си замина Тевез, односно враќањето дома во Аргентина и овој млад играч го воодушеви Алгери. Наместо да си оди на позајмиа, остана во клубот, како резерва, но доби шанса. Се пишува дека Јуве не го форсира, проблемот е во договорот со Бока, Аргентинците имаат 50% од следната продажба, сличен проблем имаше Лацио со Сергеј.
Поради тоа Италијанците сега бараат да ја избрише клаузулата, а иако го сакаат Хименез, Бентанкур е иднината на клубот и тешко дека ќе се согласи во целата работа. Младиот фудбалер денеска би требало да биде стартер, Јувентус вечерва гостува во Ферари, доколку го добијат СПАЛ, ќе имаат +7 во однос на Наполи кој утре игра против Џенова.