Дома Топ вести Атлетико Мадрид за Елмас на Фенербахче му го нуди „лузерот“ од Мундијалот во Русија

Атлетико Мадрид за Елмас на Фенербахче му го нуди „лузерот“ од Мундијалот во Русија

elmas

Сезоната во првенствата ширум Европа влегува во самата завршница, а после завршувањето на сезоната секако актуелни ќе бидат информациите поврзани со трансфер пазарот.

За македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас владее голем интерес и од ден во ден се појавуваат нови информации кои го поврзуваат Елмас со заминување од Фенербахче.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу екипи се споменуваа околу името на Елмас, а најновата вест е дека шпански Атлетико Мадрид е спремен да понуди пари и играч.

Атлетико Мадрид би можел да остане без Саул Нигез и на негово место „јорганџиите“ сакаат да го доведат Елмас. Како што објавуваат дел од шпанските и турските медиуми, Атлетико Мадрид за Елмас е спремен да го понуди Хрватот Никола Калиниќ и одредена сума на пари.

Фенербахче за Елмас одреди сума од околу 20 милиони евра и без таа бројка Турците не сакаат да преговараат.

Диего Симеоне се надева дека ќе ги натера во Фенер да размислат со вклучувањето на човекот кој поради обична глупост беше избркан од репрезентацијата на Хрватска од Светското првенство во Русија на кое Хрватите подоцна стигнаа до финалето.

Слична понуда (играч и пари) неодамна Италијанците тврдеа дека понудил Интер. „Нероаѕурите“ за услугите на Елмас наводно го нуделе бразилскиот стопер Миранда, плус пари.

Ќе потсетиме Елмас во Фенербахче пристигна во 2017 година од редовите на Работнички за сума од 180.000 како тренинг компензација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…