Барселона и Атлетико Мадрид се во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми пренесуваат дека се силно заинтересирана за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.
Актуелниот договор на Ромањоли истекува во 2022 година, но еден од клучните приоритети на раководството е да ја продолжи соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ромањоли во последните години се етанлираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, а минатото лето беше именуван за капитен на тимот.
Меѓутоа, преговорите за продолжување на договорот не одат во добра насока, па доколку Ромањоли наскоро не стави потпис, Милан ќе мора да го продава на лето.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат Барселона и Атлетико Мадрид, бидејќи во тој случај цената на Ромањоли ќе падне на 25 милиони евра.