Атлетико Мадрид е силно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Интер, Стефан де Врај.
30-годишниот Холанѓанец влезе во последната година од договорот и одби да го продолжи договорот со Интер, па веќе е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Атлетико ја следи ситуацијата и наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент и сака да го доведе на лето како слободен агент.
Симеоне е во потрага по искусен стопер и верува дека Холанѓанецот ќе биде идеално засилување за тимот.
Меѓутоа, ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Де Врај силен интерес покажува и Тотенхем.
Де Врај оваа сезона падна во втор план и често е на клупата за резерви, па Интер одлучи да не испраќа нова понуда за продолжување на соработката.