Дома Трансфер зона Атлетико го „краде“ Хамес пред носот на Наполи

Атлетико го „краде“ Хамес пред носот на Наполи

Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за офанзивниот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез.

Колумбиецот беше на чекор од трансфер во Наполи, но последните информации говорат дека го изврал Атлетико, па поради тоа „јорганџиите“ се оптимисти за реализација на трансферот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Марка“ тврди дека сериозни пречки за можноста Хамес да пристигне на „Ванда Метрополитано“. Главната причина е што Реал не сака да го засили својот градски ривал.

Покрај тоа, Наполи е сериозен кандидат за потписот на играчот. Меѓутоа, во Атлетико се оптимисти дека на крајот ќе успеат да победат во трката за неговиот потпис.

„Јорганџиите“ се потпираат на силен адут – желбата на играчот е да остане во шпанската престолнина и да го облече нивниот дрес. Реал исто така претпочиташе да не го продава Маркос Љоренте на Атлетико, но тој трансфер се реализира.

Што се однесува до Наполи, Италијанците се уште не можат да постигнат договор со Реал за цената на Хамес, а освен тоа зборовите на Аурелио Де Лаурентис пред неколку дена дека „нема да се согласи со неправедните претензии на Флорентино“ не му се допаднале на претседателот на Реал.

Поради тоа „Марка“ тврди дека големи се шансите Хамес да заврши во редовите на градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…