Доби можност Аталанта да заработ трипати повеќе за холандскиот фудбалер Компајнерс, но од Бергамо ставија до знаење дека фудбалерот не е за продавање.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанѓанецот кој има 25 години се поврзуваше со Милан, Јувентус и Интер, меѓутоа најсериозен беше Наполи кој испрати официјална понуда.
Понудата на актуелниот шампион изнесувала 45 милиони евра, меѓутоа тоа не било доволно за раководството на Аталанта да се откаже од услугите на Копмајнерс.
„Во Бергамо бев минатата недела. Наполи испрати официјална понуда од 45 милиони евра, но Аталанта ја одби. Кажаа дека Копмајнерс не е на продажба“, изјавил агентот Барт Бавинг.
За Копмајнерс Аталанта плати 14 милиони евра летото во 2021 година на АЗ Алкмар.