Aко се верува на шпанскиот реномиран весник „АС“, Столе Димитриевски веќе има нов клуб. Наводно, македонскиот репрезентативен голман веќе се договорил и потпишал преддоговор со екипата на Валенсија.
Според информациите на „АС“ Димитриевски дефинитивно се сели во Валенсија која планира да го продаде Мамардашвили за 30 милиони евра и да го доведе Димитриевски по истекот на договорот без оштета.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Трансферот би бил официјализиран по завршувањето на сезоната, односно по истекот на договорот кој на Димитриевски со Рајо.
Претходно од Шпанија Димитриевски се поврзуваше со Севиља, Виљареал Бетис, а во минатото беше блиску и до потпис со Барселона.