Дома Фудбал АС откри каква била атмосферата во авионот на Барса после Ел Класико

АС откри каква била атмосферата во авионот на Барса после Ел Класико

Фудбалерите на Барселона синоќа во гости беа поразени од Реал Мадрид со 2:0 и со тоа ја загубија првата позиција на табелата во Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона во првото полувреме имаше неколку одлични шанси, но изостана реализацијата од Лео Меси и друштвото.

Со овој пораз, Барселона сега е втора на табелата со еден бод помалку во однос на Реал Мадрид. Поразот на Бернабеу ги погоди играчите на каталонскиот клуб за што утрово пишуваше мадридски АС.

АС објави дека атмосферата во авионот на Барса во текот на враќањето назад била многу лоша. Играчите биле разочарани и воопшто не зборувале.

Претседателот на клубот Бартомеу се обидел со мотивациски говор да ја подобри ситуацијата, но во тоа не успеал. АС пишува дека играчите се однесувале како да ја загубиле борбата за титулата иако до крајот на сезоната остануваат уште 36 бода во игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…