Астон Вила игра добро во последно време и успеа да излезе од опасната зона. Но Тотенхем нема пораз на шест меча по ред и сакаат серијата да трае што подолго, особено пред важниот 1/8 финален меч од Лигата на Шампиони против Лајпциг веќе во среда.
Самата е клучот за опстанок
Астон Вила успеа во изминатиот период да излезе од опасната зона, но е само едно место над оние кои би испаднале од Премиер Лигата. Тие имаат само еден бод повеќе над зоната за испаѓање. Сепак, тие имаат доста натпревари до крајот против екипи од својот ранг, а против повеќето играат дома. Тоа им ги зголемува шансите за опстанок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Екипата на Дин Смит беше совладана во последното коло, а тој пораз од Бурнемут со 2:1 беше прифатен со големо разочарување. Како да биде поинаку кога Бурнемут цело второ полувреме играше со играч помалку, а Астон Вила постигна само еден гол во тој период, а имаше огромна иницијатива.
Голема позитива за Смит е потписот со новиот фудбалер на тимот Самата. Напаѓачот од Танзанија неколку сезони беше незаменлив во Генк, а за Астон Вила на вториот меч постигна гол, откако одигра 30 минути во Купот.
Самата повторно ќе ја предводи напаѓачката линијата во недела, но Трезеге веројатно ќе стартува на местото на Ел Гази. Исто така во тимот се враќа и Дринквотер откако ја залечи повредата поради која отсуствуваше.
Спарси бараат победа пред мечот со Лајпциг во ЛШ
Спарси се без пораз на шест меча по ред, откако последен пат загубија од Ливерпул на 11 Јануари на домашен терен. Се чини дека Мурињо полека но сигурно го наметнува својот стил на игра, својот менталитет, но и својата енергија. Сепак три од овие шест меча беа во ФА Купот. Тие во моментов се наоѓаат на шестото место на табелата, а по веста дека Манчестер Сити има забрана за настапи во Лигата на Шампиони наредните две сезони, нивните шанси за пласман во европстака елита следната сезона се зголемија и тоа значително.
Избраниците на Жозе Мурињо имаат голем меч во истото натпреварување веќе во среда и тоа на домашен терен против Лајпциг во 1/8 финалната рунда. Тоа секако дека е потенцијален проблем за Спарси. Мислите се насочени и кон тој меч, без разлика што сите во тимот најавуваат дека на Лајпциг ќе размислуваат после Астон Вила.
Џовани Ле Целсо во последните месеци започна да се привикнува на англискиот фудбал, но го пропушти предходниот меч поради повреда. Сега е добар и веројатно ќе влета во првиот тим.
Наш предлог:
Победа на Тотенхем @ 1.94 во 1хBet
Двете екипи да постигнат гол @ 1.65 во 1хBet