Дома Фудбал Репрезентации Асприлиа: Меси игра со ДЕСЕТ магариња!

Асприлиа: Меси игра со ДЕСЕТ магариња!

Поранешниот колумбиски репрезентативец, Фаустино Асприлиа жестоко ја критикуваше репрезентацијата на Аргентина откако „гаучосите“ одиграа 1:1 против Венецуела.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинците со ремито против Венецуела сериозно го доведоа во прашање нивниот пласман на Светското првенство во Русија 2018 година.

Репрезентацијата на Лионел Меси на две кола пред крајот има 24 бодови, исто колку и селекцијата на Прагвај со која ќе се сретне во следниот натпревар.

„Како можат да помислат дека Меси може да игра со куп магариња околу себе? На теренот буквално изгледаше како да игра со десет магариња. Нека му обезбедат вистински играчи! Секогаш кога ќе им испратеше добра топка, тие не знаеа што со неа. Тој сакаше да победи, но со такви играчи навистина тешко му оди“, изјави Асприлиа.

Од друга страна Венецуела после натпреварот против Аргентина ги загуби шансите за пласман во следната фаза и се наоѓа на последната позиција со само осум бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вардар со победа над КуПС се збогува од Лигата на шампиони

Вардар го совлада КуПС со 3-2 во реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампи…