Шпанскиот фудбалер Цезар Аспиликуета беше разочаран после денешниот пораз на неговиот тим на гости против Манчестер Сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ќе потсетиме, Челзи го доживеа еден од најтешките порази во историјата бидејќи на „Итихад“ беа декласирани од Манчестер Сити со 6:0.
Аспиликуета порача дека ова неговата најлоша вечер во кариерата.
„Ова е најлошата ноќ во мојата кариера. Тешко е да се објасни што се случи. Игравме добро во првите пет минути. Ова беше огромно разочарување. Примаме многу голови и тоа мора да се промени“.
„Кога ќе изгубите 6:0 тогаш знаете дека не сте играле добро. Знаевме дека ќе биде тешко и мораме да им се извиниме на навивачите, барем толку можеме да направиме“, изјави Шпанецот.
https://youtu.be/IsuDOgOl3eU