Дома Фудбал Англија Асистентот на Фергусон со шокантна изјава – го спореди Лингард со Иниеста

Асистентот на Фергусон со шокантна изјава – го спореди Лингард со Иниеста

Поранешниот помошник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, Рене Мулестин смета дека Џеси Лингард ги има истите карактеристики како легендата на Барселона, Андрес Иниеста.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Овој 27-годишник нема постигнато гол во Премиерлигата од декември 2019 година, но и покрај неговиот очаен учинок и катастрофалната форма, Рене Меуленстен смета дека Лингард ги има квалитетите на Иниеста.

„Џеси често одеше на позајмица, но тој постојано се враќаше. Луис ван Гал му даваше шанса и тоа е она што му требаше. Џеси секогаш имаше играчки квалитет каков што Иниеста имаше во Барселона”, тврди Меуленстен.

„Според мое мислење, тој е тип на играч што за противниците е исклучително тешко да го задржат. Лошата форма е предизвикана од помала самодоверба“, додаде Рене.

Меуленстен работеше во Манчестер Јунајтед од 2001 до 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос по мечот Ц. Звезда – Нови Пазар: Се запали автобусот на гостинските навивачи – ужасно! (ВИДЕО)

Хаотични сцени видовме на патот по натпреварот помеѓу Црвена звезда и Нови Пазар (1:2) во …