Иднината на Марко Асенсио во Реал Мадрид е неизвесна, а Шпанецот призна дека пред него има три опции.
Асенсио има договот со „кралевите“ до јуни 2023 година, па влезе во последната година од договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преговорите со Реал за продолжување на соработката се во застој и „кралевите“ сакаат да го продадат доколку не стави потпис на нов договор.
Сепак, Асенсио не ја исклучува можноста до крај да го одработи договорот и следното лето да замине како слободен агент.
Кога ќе заврши овој собир со репрезентацијата, ќе зборуваме за мојата иднина и ќе видиме што ќе одлучам. Да си одам ова лето или да го продолжам договорот со Реал? Тоа се две опции, но има уште една. Има опција да останам и да си ја доработам последната година од договорот“, изјави Асенсио.