Шпанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ливерпул го доведе Дарвин Нуњес како најскапо засилување во историјата, но Клоп го сака и Асенсио во кого гледа идеална замена за Мане.




Асенсио влегува во последната година од договорот, па Реал е спремен да го продаде, а Ливерпул сака да ја искористи ситуацијата.




Шпанецот е во потрага по клуб каде ќе има поголема минутажа, но не е сигурен дека во Ливерпул ќе има главна улога во тимот, бидејќи игра на истата позиција како Салах.




Клоп веќе стапил во контакт со агентот на фудбалерот и ќе се обиде да го убеди да ја прифати понудата, но во моментов Асенсио преферира да се пресели во клуб каде ќе има загарантирано место во првиот тим.