Јувентус е во потрага по квалитетен плејмејкер за следната сезона, а откако пропадна можноста за ангажман на Артур од Барселона, „бјанконерите“ се свртеа кон други мети.
Јувентус ова лето готово сигурно ќе се ослобиди од Миралем Пјаниќ, а најголема желна на тренерот Сари е италијанскиот репрезентативец Жоржињо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поранешниот играч на Наполи по заминувањето на Сари од Челзи продолжи да игра во добра форма, оваа сезона запиша 7 гола и две асистенции на 37 натпревари во сите конкуренции.
Јувентус сака да му ја исполни желбата и веќе започнал преговори со Челзи, кој сигурно нема лесно да се ослободи од плејмејкерот.
Сепак, пресудна може да биде желбата на самиот играч да се врати во Италија, а цената на трансферот би требало да изнесува 40 милиони евра.