Менаџерот на Арсенал, Микел Артета денес зборуваше за припремите за новата сезона и потенцијалните нови засилувања.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Арсенал веќе успеа да го доведе Вилијан, но сега главна цел на „топџиите“ е Пјер Емерик Обамејанг да потпише нов договор.
Артета денес ги израдува навивачите на лондонскиот клуб и потврди дека Обамејанг сигурно останува на „Емирати“ и наскоро ќе стави потпис на нов договор.
„Знам дека преговорите траат веќе неколку месеци и засега се е добро. Можам да потврдам дека Обамејанг сигурно ќе остане со нас бидејќи е само прашање на време кога ќе стави потпис на новиот договор“, потврди Артета.
Арсенал ова лето ќе направи неколку промени во играчкиот кадар, но Артета не сакаше да зборува за трансфер пазарот.