Meнаџерот на Арсенал, Микел Артета беше презадоволен од играта на своите фудбалери во победата против Њукасл од 2:0.
Минатата сезона Арсенал на истиот терен остана без пласман во ЛШ, но сега одигра многу подобро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Многу ни значеше. Беше ова вистински тест, ни ја повредија гордоста минатата сезоната, а кога во спортот ќе добиете втора шанса морате да покажете дека сте ја научиле лекцијата. Моравме да се сетиме како се чувствувавме минатата година и да одреагираме на интелигентен и зрел начин“.
Имаше пофалба и за Њукасл кој игра одлична сезона и се наоѓа на третата позиција.
„Создаваат нешто важно, атмосферата беше одлична. Тие се одличен тим и клуб ,а ние успеавме да победиме, по мое мислење испративме силна порака за тоа што станавме како клуб“, изјави Артета.
Арсенал во овој момент заостанува еден бод зад Сити, но со натпревар повеќе. „Топџиите“ до крајот го дочекуваат Брајтон, му гостуваат на Нотингем и дома го пречекуваат Вулверхемптон. Манчестер Сити од друга страна му гостува на Евертон, па го дочекува Челси и на гости игра со Брајтон и Брентфорд.