Дома Фудбал Англија Артета: Размислувам за враќање во Шпанија

Артета: Размислувам за враќање во Шпанија

Шанса да ја освои титулата сезонава има и Арсенал со Микел Артета, а трката ќе биде отворена и во последното коло кое на програмата е утре.

Шпанскиот стратег докажа дека може да го подобри тимот и му донесе многу добри работи на Арсенал, а со овој клуб има договор до јуни 2025 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Имајќи предвид дека договорот му истекува за една година, јасно е дека има шанси да го напушти клубот, бидејќи во медиумите не се споменува често дека има навестување дека соработката ќе биде продолжена.

Сепак, за ова би можело да се разговара во наредните месеци, а дотогаш информациите се дека Артета размислува за враќање во својата Шпанија.

„Секогаш размислувам за враќање назад. Ме интересира мојата татковина, нашиот начин на живот, нашата култура, тоа е нешто што секогаш ми е во главата. Сепак, среќен сум овде во Арсенал и уживам во работата, еден ден претпоставувам ќе се вратам, нема да бидам надвор од мојот дом до крајот на животот“, изјави Артета.

Од шпанските екипи, Артета претходно најмногу се поврзуваше со Барселоан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим ќе избрка три ѕвезди од Јунајтед – познати се нивните имиња!

Според медиумите, тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нема милост и ќе избрка тр…