Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги критикуваше своите фудбалери по ремито со Баерн.
„Топчиите“ синоќа во Лондон одиграа 2:2 со Баварците во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
– Почнавме добро, доминиравме и не им дозволивме на нашите противници да направат ништо. Постигнавме многу добар гол, но веднаш потоа ситуацијата се промени. Им ја препуштивме контролата над топката на противниците и тие постигнаа гол.
Атипичен беше и вториот гол. Ова обично не го дозволуваме. Ова е Лига на шампиони, тука се казнуваат грешките. Одигравме под нашите стандарди на многу начини. Тие добија премногу простор и кога Баерн тргнува во напад тие се многу опасни.
Но и при резултат 1:2 бевме прибрани, се трудевме да го најдеме нашиот ритам и не избрзувавме. Верувам дека можеме да победиме на гости и да се пласираме во следната рунда. Треба добро да се подготвиме, изјави Артета за веб-страницата на УЕФА.
Реваншот ќе се игра на 17 април, во Минхен.