Трет пат оваа сезона, менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја доби наградата за менаџер на месецот во Премиер лигата, додека Рашфорд по вторпат е прогласен за играч на месецот. .
Микел Артета е првиот менаџер на Арсенал кој три пати во една сезона ја освоил наградата за менаџер на месецот, откако беше најдобар во август и за периодот ноември/декември во тој период наградата се додели за два месеци поради почетокот на Светското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во јануари Арсенал освои седум од можни девет бода. Започна со нерешено со Њукасл, по што следеа победи против Тотенхем и Манчестер Јунајтед.
Во четирите натпревари кои Јунајтед ги одигра во јануари, Рашфорд постигна гол на три од нив, вклучувајќи го и оној за победа во дербито против Манчестер Сити.
Претходно напаѓачот беше прогласен за играч на месецот во септември.