Дома Фудбал Артета за Тухел: Сите сме свесни какви се условите во фудбалот

Артета за Тухел: Сите сме свесни какви се условите во фудбалот

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е изненаден од отказот кој неговиот колега Томас Тухел го доби од Челзи.

Германецот доби отказ по поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампионите, иако изминатите години со успех ги водеше „сините“.

„Дознавме непосредно пред почетокот на тренингот. Никогаш не е убаво да се види вакво нешто да му се случи на колега, но сите сме свесни за условите во фудбалот. Веста беше непријатна и му посакувам се најдобро во иднина“, изјави Артета.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, исто така изрази жалење за ситуацијата на Тухел, кој ја освои Лигата на шампионите со Челзи во неговата прва сезона на чело на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд повторно пред заминување? Евертон веќе разговара со Јунајтед

Евертон и Манчестер јунајтед наводно отвориле разговори за Маркус Рашфорд пред јануари, но…