Дома Трансфер зона Артета ги разочара фановите: Очекува мирен преоден рок

Артета ги разочара фановите: Очекува мирен преоден рок

Новиот менаџер на Арсенал, Микел Артета очекува мирен трансфер период за лондонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал не игра добро оваа сезона, па навивачите очекуваа значително засилување на тимот во зимскиот преоден рок, но Артета ги разочара денес со својата изјава.

Артета истакна дека не очекува големи транасфери оваа зима на „Емирати“, иако не исклучи дека клубот ќе биде активен.

„Доколку најдеме нешто што може да ни помогне за време на сезоната, ќе ги разгледаме опциите, но мора да кажам дека не очекувам големи работи во тој поглед. Очекувам големи работи од играчите кои ги имам во овој момент, играчите кои се опоравуваат од повредите. Тоа се најголемите очекувања од моја страна“, истакна Артета, кој уште еднаш потврди дека Обамејанг мора да остане во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…