Дома Трансфер зона Артета во Минхен пронајде идеално засилување

Артета во Минхен пронајде идеално засилување

Ангиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е сериозно заинтересиран за францускиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Корентин Толисо.

25-годишниот играч за врска минатата сезона подолго време беше надвор од терените поради повреда на коленото, оваа сезона често добива шанса за настап, но Баерн е спремен да го стави на продажба на крајот на сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Толисо пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн планира да ја врати приближно вложената сума.

Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, бидејќи тренерот Артета смета дека Французинот би бил идеално засилување за средниот ред.

Сепак, „топџиите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Толисо заинтересирани се уште Атлетико Мадрид и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…