Дома Фудбал Артета бесен: Не ни беа досудени два скандалозни пенали!

Артета бесен: Не ни беа досудени два скандалозни пенали!

Aрсенал вчера на „Емирати“ беше запрен од Њукасл во дербито кое заврши без победник 0:0, а понезадоволни од ова реми беа домашните фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Микел Артета посебно лут беше во завршницата кога жестоко протестираше кај четвртиот судија и браше пенал поради играњето со рака на играчот на Њукасл по нафрлувањето на Џака.

На прес-конференцијата по натпреварот Артета посочи дека тоа не била единствената грешка, според него пенал имало и кога Брн го влечел Габриел.

„Горд сум на начинот на кој игравме и доминиравме на теренот. Ни недостигаше малку за да дојдеме до погодок и да ја завршиме работата.

Имавме многу ситуации околу шеснаесетникот, но имаше и две скандалозни одлуки, не ни беа досудени два скандалозни пенали. Има ситуации кога може да биде пенал и да не биде, но тука двата дефинитивно беа“, изјави шпанскиот стратег.

ПРВАТА СИТУАЦИЈА ЗА КОЈА ЗБОРУВА АРТЕТА – ТУКА

ВТОРАТА СИТУАЦИЈА – ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го обвини Анчелоти за елиминацијата: Направи многу грешки…

Бразилските надежи за Светското првенство завршија во осминафиналето, откако беа поразени …