Meнаџерот на Арсенал, Арсен Венгер во текот на конференцијата за медиуми пред натпреварот против Њукасл зборуваше и за лидерот Манчестер Сити, споредувајќи ја сегашната ситуацијата во таборот на „граѓаните“ и серијата непобедливост на „топџиите“.
Екипата на Пеп Гвардиола од стартот на сезоната испушти само два бода и е лидер во Премиер лигата со 49 бодови и гол разлика +41. Венгер во сезоната 2003/2004 со Арсенал не претрпе пораз во текот на целата сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ние немавме нафта, но имавме идеја, тие имаат и идеја и нафта. Секако мислам на парите кои ги вложуваат во клубот. На секој проект тоа му е потребно. Кога ќе го споите нивниот квалитет и парите кои ги имаат, ќе заклучите дека имаат се што потребно, од менаџмент, стручен штаб, играчи… Тоа не е лесно да се постигне и заслужува почит“, изјави Венгер.