Дома Трансфер зона Арсенал ја постави цената на Тореира, на потег е Милан

Арсенал ја постави цената на Тореира, на потег е Милан

Арсенал ќе бара 45 милиони евра за Лукас Тореира, во случај Уругваецот да побара трансфер ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тореира е примарна цел на Милан, а и самиот играч јавно призна дека сака да се врати во Италија, па се очекува во наредните денови двата клуба да започнат преговори.

Тореира минатото лето пристигна на „Емирати“ од Сампдорија за 35 милиони евра и одигра одлична сезона, но „топџиите“ нема да му стојат на патот доколку сака да замине.

Новиот тренер на Милан, Марко Џампаоло го сака по секоја цена во својот тим 23-годишниот играч за врска, а „росонерите“ се спремни да му ја исполнат желбата.

Арсенал бара 45 милиони евра, додека Милан е спремен да понуди 40 милиони, па се очекува двата клуба наскоро да седнат на преговарачка маса за да ја „испеглаат“ разликата.

https://youtu.be/Rto5ZB4OYHA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…