Арсенал е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Порто, Пепе, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Скаути на Арсенал го гледале Бразилецот на мечот со Интер во Лигата на шампиони, каде 26-годишниот фудбалер одигра добро.
Пепе може да биде многу корисен за Артета бидејќи може да игра на неколку позиции. Тој е десно крило, но подеднакво добро може да игра на левата страна, а во последно во Порто игра како играч за врска, па некогаш и како десен бек.
Арсенал има потреба од засилување на таа позиција од теренот, па Пепе е една од најголемите желби на тренерот Артета.