Менаџерот на Арсенал, Микел Артета „пречкрта“ три ѕвезди од тимот и им соопшти дека слободно можат да бараат нови клубови.
Станува збор за Сеад Колошинац, Матео Гендузи и Лукас Тореира, кои до крајот на преодниот рок сигурно ќе го напуштат Арсенал.
Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓
Вест Хем е најсериозен кандидат за потписот на Колошинац, Валенсија е заинтересирана за Гендузи, додека Тореира сака да се врати во Италија и интерес за него покажуваат неколку тимови од Серија А.
Артета успеа во намерата да ги задржи Себаљос и Обамејанг, а во овој преоден рок ги донесе дефанзивецот Габриел и Вилијан од Челзи.