Oд редовите на Арсенал до крајот на неделата треба и официјално да го потврдат доаѓањето на Микел Мерино од Реал Сосиедад, но со тоа може да не заврши преодниот рок за „топџиите“.
Имено, медиумите пренесуваат дека од Арсенал се подготвени во финишот од преодниот рок да тргнат и по Виктор Осимен од Наполи. Наводно, Наполи е спремен да го продаде Осимен за 95 милиони евра, Нигериецот во овој момент е надвор од тимот поради инсистирањето да направи трансфер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исто така се најавува дека Наполи во завршницата од преодниот рок ќе го доведе Лукаку како замена за Осимен.
Кога е Арсенал во прашање, Осимен не е единствена мета, тука и Лукман од Аталанта за кого исто така се пишува дека испратиле понуда. Цената на голгетерот на Аталанта би требало да изнесува околу 50 милиони евра.