Арсенал во зимскиот преоден рок сака да донесе еден дефанзивец, а на листата желби се играчи на големите ривали, Челзи и Манчестер Јунајтед.
Тешката повреда на Роб Холдинг ги примора челниците на Арсенал да побараат искусен дефанзивец на трансфер пазарот, а анлиските медиуми пренесуваат дека најголеми желби се Ерик Баи или Гери Кехјил.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И двајцата дефанзивци оваа сезона се во немилост на своите тренери и добивата мала минутажа, па се спремни да ја променат средината.
Многу полесен за реализација е трансферот на Кејхил чии договор со Челзи завршува на крајот на сезоната, па „топџиите“ се спремни да платат симболична сума за да го добијат неговиот потпис во јануари.
Just want to say a big thank you to all the fans, players and staff members for the support during the past couple of days. Gutted to get injured during a strong period for the team! pic.twitter.com/EC466il7aG
— Rob Holding (@RobHolding95) December 7, 2018