Дома Фудбал Англија Арсенал преку Сити во финалето на ФА купот

Арсенал преку Сити во финалето на ФА купот

Фудбалерите на Арсенал вечерва на Вембли го победија Манчестер Сити со 2:0 во првото полуфинале во ФА купот.

Иако Сити пред натпреварот важеше за фаворит, Арсенал на крајот дојде до победата, па во финалето ќе игра против подобриот од дуелот Челси – Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во 14. минута беше поништен погодок на Лаказет поради недозволена позиција, а само неколку минути подоцна Обамејанг имаше добра шанса, но не ја искористи.

Веќе во 19. минута габонскиот напаѓач после фантастичниот центаршут на Пепе погоди за 1:0 со кој резултат се замина на полувреме.

Арсенал во вториот дел ја чекаше својата шанса преку контри, а после бројните промашени шанси на Сити, Топџиите преку Обамејанг казнија во 72. минута и го осигурaа пласманот во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поради вакви работи фудбалот е посебен: По 110 години повторно го освоија купот во својата земја!

Екипата на Ројал Унион третпат во својата историја успеа да го освои Купот на Белгија, но …