Дома Трансфер зона Арсенал почна преговори со ѕвездата на Бенфика

Арсенал почна преговори со ѕвездата на Бенфика

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скаутите на Милан, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Манчестер Сити го следат веќе подолго време, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Арсенал.

22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

„Топџиите“ наводно веќе започнале преговори со неговиот агент бидејќи во Нуњес гледа идеален наследник на Обамејанг.

Арсенал на лето ќе остане и без Лаказет, па приоритет на Артета ќе биде доведување на врвен напаѓач, а Нуњес е првиот избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…