Дома Трансфер зона Арсенал плаќа за да се ослободи од него – Озил на чекор од Фенербахче

Арсенал плаќа за да се ослободи од него – Озил на чекор од Фенербахче

Плејмејкерот на Арсенал, Месут Озил најверојатно ќе го напушти клубот во јануарскиот преоден рок и кариерата ќе ја продолжи во Фенербаче, пренесуваат медиумите на Островот.

Германецот веќе подолго време е на маргините во Арсенал и ретко добива шанса за настап, а неодамна го наруши имиџот на клубот во Кина откако влезе во конфликт по темата ујгури.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради тоа раководството смета дека најдобро е да се ослободи од Озил и веќе започнале преговори со Фенербахче.

Спортскиот директор на Фенербахче, Дамјан Комоли ќе пристигне во Лондон до крајот на неделава за ја заврши работата со Арсенал, а Озил ќе се пресели во Истанбул како позајмен фудбалер.

Озил добива многу висока плата во Арсенал (350.000 фунти неделно), неговата единствена опција е тој да премине пад наем во Фенербахче и екипата од Премиер лигата да продолжува да плаќа дел од неговата плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го праќа Гулер на часови кај Чаби Алонсо

Реал Мадрид е спремен да го пушти Арда Гулер на позајмица во зимскиот преоден рок. Неколку…