Европските гиганти се силно заинтересирани за талентот на Шахтјор и новата украинска ѕвезда, Михајло Мудрик.
21-годишниот крилен фудбалер игра одлично оваа сезона и особено воодушеви со натпреварите во Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мудрик оваа сезона на 16 меча постигна 8 гола и запиша 8 асистенции, а експертите му предвидуваат блескава кариера.
Украинецот има договор со Шахтјор до 2026 година, а медиумите тврдат дека Арсенал е во пол-позиција за неговиот потпис и е спремен да плати 65 милиони евра.
Мудрук дал согласност за трансфер на „Емирати“, па останува уште двата клуба да ги договорат деталите од трансферот.