Арсенал во последно време игра одлично под водство на Емери и се наоѓа на само четири бода од лидерот на табелата во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот Емери сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а на списокот има две имиња со кои би можел и да ја нападне титулата во Премиер лигата.
Првата желба е фудбалерот на Барселона, Малком кој не добива голема минутажа на „Камп Ноу“ и е спремен да ја промени средината.
„Топџиите“ сакаат да го донесат Бразилецот на позајмица со право на откуп и веќе работат на трансферот. Но тоа не е се!
Од таборот на Арсенал се заинтересирани да го вратат и поранешниот капитен Цеск Фабрегас, кој е на излезна врата од Челзи.
Неговиот договор со „сините“ завршува на крајот на сезоната, а тој и самиот не крие дека би сакал да се врати на „Емирати“.