Жоао Кансело се врати во Манчестер Сити после позајмицата во Баерн Минхен, но јасно е дека за него нема повеќе место на „Етихад“.
Барселона покажа силен интерес, но Каталонците имаат финансиски проблеми и не се спремни да ја платат сумата која ја бара Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега фаворит за неговиот потпис е Арсенал, сигурно дека Кансело би бил големо засилување за следната сезоана.
Артета носи големи засилувања ова лето и следната сезона сигурно ќе биде еден од главните фаворити за титулата, па верува дека Кансело одлично ќе се вклопи во неговиот тим.
„Топџиите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и наскоро ќе испратат прва понуда до Манчестер Сити.