Дома Фудбал Арсенал на Озил сезонава потроши 15.75 милиони фунти за да добие – гол и три асистенции

Арсенал на Озил сезонава потроши 15.75 милиони фунти за да добие – гол и три асистенции

Meсут Озил е најплатениот фудбалер на Арсенал со плата од 350.000 фунти меѓутоа на теренот тој е далеку од лидер на тиимот.

Озил за рестартот на сезоната во дербито против Манчестер Сити не се најде ниту на клупата за резерви. Поради тоа медиумите прават калкулации колку Арсенал потрошил на неговата плата и што добил за возврат.

Од почетокот на сезоната на 11 август поминати 45 недели и Озил во тој период заработил. 15.75 милиони фунти. Од друга страна Озил настапи на 23 натпревари и завележа само еден гол и три асистенции.

Освен тоа Германецот сезонава помина повеќе минути надвор отколку на теренот. Озил на теренот помина 1812 минути, додека надвор од теренот има 1968 минути.

На сето тоа тој беше првиот во Арсенал кој се побуни за кратењето на платите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…