Арсенал е заинтересиран во своите редови да го доведе напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид пренесуваат медиумите на Островот.
После последните случувања јасно е дека Обамејанг повеќе нема иднина на „Емирати“ и на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прва желба за негова замена е токму Џонатан Дејвид, кој игра фантастична сезона во Лил и до сега има постигнато 14 гола.
21-годишниот напаѓач е мета на многу европски гиганти, а Арсенал веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да ја победи конкуренцијата.
Наводно Лил е спремен да го пушти напаѓачот на крајот на сезоната, а за неговата слобода бара 45 милиони евра, сума која Арсенал е спремен да ја плати.