Дома Фудбал Арсенал и Челзи стравуваат: Интер ја зголемува откупната клаузула на нивниот најдобар фудбалер

Арсенал и Челзи стравуваат: Интер ја зголемува откупната клаузула на нивниот најдобар фудбалер

Во фантастична форма се наоѓа Мауро Икарди.

Аргентинскиот напаѓач го реши дербито во Милано, игра неверојатно добро оваа сезона, а на осум одиграни меча постигна девет погодоци.

Секако, следи и интерес од најбогатите клубови. Интер ќе мора да реагира доколку мисли да го задржи во своите редови.

Тоа и го прават, се надеваат на потпишување на нов договор со Икарди, а според некои информации, Икарди би можел да има и далеку поголема откупна клаузула.

Сега таа изнесува околу 110 милиони евра, а Интер реши во новиот договор да стави сума од 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двоен удар за Баерн: Келн однесе бод, Кејн и Олизе се повредија

Баерн одигра 1:1 со Келн во Минхен, но поголема грижа се принудните замени на Хари Кејн и …