За Џек Вилшер изгледа повеќе нема место во Арсенал…
Наполи одлично ја започна сезоната и во овој момент тие се лидери на табелата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Неапол веруваат дека Наполи после долг период има фантастична шанса да стигне до титулата, а се најавуваат и засилувања во зимскиот преоден рок.
Причина за лошиот настап во Лигата на шампионите, Маурицио Сари смета дека недостатокот на резервни фудбалери, најмногу во средниот ред каде што има малку вистински опции. Поради тоа во јануари тој ќе биде активен, а позната е и првата мета.
Имено, планот е за 15 милиони евра да го доведе Џек Вилшер од Арсенал кој веќе неколку сезони има проблеми со повредите. Минатата сезона како позајмен фудбалер настапуваше за Бурнемоут, оваа сезона се врати помеѓу „топџиите“, но никако да ја пронајде вистинската форма.
Против заминувањето не би имал ништо против ниту самиот фудбалер, а ниту Венгер не смета сериозно на него. Сари сака брзи фудбалери со ниско тежиште и добра техника, а токму таков е Вилшер.