Дома Фудбал Англија Арсенал игра фантастично: „Топџиите“ се блиску до рушење на рекорд стар 31 година!

Арсенал игра фантастично: „Топџиите“ се блиску до рушење на рекорд стар 31 година!

arsenal

Изгледа како со заминувањето на Арсен Венгер Арсенал да „воскресна“.

После стартните два порази во дерби натпреварите против Манчестер Сити и Челзи, тимот на Унаи Емери се подигна и врза дури 11 победи во сите натпреварувања. По ред пред „топџиите“ паѓаа: Вест Хем (3:1), Кардиф (2:3), Њукасл (1:2), Ворскла (4:2), Евертон (2:0), Брентфорд (3:1), Вотфорд (2:0, Карабах (0:3), Фулам (1:5), Лестер 3:1) и Спортинг (0:1).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фантастичната низа на „топџиите“ трае од 25 август. Одлично им оди во Лигата на Европа каде што практично веќе го обезбедија пласманот во нокаут фазата, додека во Премиер лигата се на само два бода од водечките Манчестер Сити и Ливерпул.

Во недела од 14:30 часот Арсенал гостува кај Кристал Палас во рамките од 10-тото коло во Премиер лигата и се очекува да стигнат до 12-тата победа во низа и така во најдобар начин да влезат во дербито со Ливерпул кое се игра следното коло на „Емирати“. Претходно ќе одиграат натпревар против Блекпул во Лига Купот.

Ако Арсенал успее да слави во следните два натпревари, против Ливерпул ќе има прилика да изедначи рекорд стар 31 година. „Топџиите“ во 1987 година под водство на Џорџ Грахам забележаа 14 победи во низа, а до денес тоа не му успеало на никој, ниту на Венгер кој помина 22 години на клупата на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Бразил домаќин на Мундијалот за жени во 2027 година

На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското пр…