Дома Трансфер зона Арсенал е минато – Вилшер се договорил со новиот клуб?!

Арсенал е минато – Вилшер се договорил со новиот клуб?!

Одредени медиуми во Англија пренесуваат дека играчот за врска на Арсенал се договорил со новиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како и Алексис Санчез и Месут Озил и Џек Вилшер има договор со Арсенал до крајот на тековната сезона.

Венгер има намера да го продолжи договорот со англискиот интернационалец, но изгледа дека Вилшер има поинакви планови.

Повредите го исфрлија од првиот тим на Арсенал, беше на позајмица во Бурнемоут, а оваа сезона иако остана „Емирати“ ретко добива прилика за настап во Премиер лигата.

Веројатно токму поради тој одлучил да не го продолжи договорот со Арсенал, а според пишувањето на „Тhe Sun“ ќе се пресели во Шпанија.

Имено, шпански Реал Бетис верува дека може да го убеди Вилшер да им се придружи од наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…