Meдиумите на Островот шпекулираат дека Арсенал е спремен да го продаде искусниот напаѓач Пјер Емерик Обамејанг.
32-годишниот фудбалер нема вредност колку што ја чини екипата, Арсенал Габонецот го плаќа 300.000 фунти неделно и тоа е една од најголемите плати во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Затоа „Тајмс“ тврди дека раководството одлучило да го продаде до крајот на преодниот рок, но не е сигурно дека ќе успее во такво нешто дури и навистина да сака. Обамејанг тешко дека ќе најде друг клуб кој сега ќе му ја даде таа плата.
Во редовите на Арсенал тој пристигна во 2018 година од Борусија Дортмунд за 56 милиони фунти. Имаше две добри сезони, но откако минатата сезона го обнови договорот со плата до 300.000 фунти како да исчезна.
Ќе потсетиме, Арсенал новата сезона вчера ја започна разочарувачки, со пораз од Брентфорд.