Дома Топ вести Арсенал во последните моменти од преодниот рок го завршил трансферот на Парти

Арсенал во последните моменти од преодниот рок го завршил трансферот на Парти

Долго Арсенал се обидуваше да го доведе Томас Парти од Атлетико.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лондонскиот клуб во последните моменти од преодниот рок ја плати клазулата за Парти во висина од 50 милиони евра. Во Атлетико немаа намера да го продадат Парти, но потегот на „топџиите“ ги изненади.

Станува збор за одличен играч кој игра на позицијата последен играч за врска, но и кој знае со топка. Парти беше голема желба на Артета и на крајот клубот успеа да му ја исполни.

Парти лекарските прегледи ги помина во Мадрид и веднаш полета за Лондон за да се приклучи на репрезентацијата на Гана после што ќе дојде во Лондон. Арсенал овој трансфер го потврди некаде по полноќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…