Дома Фудбал Лига на шампиони Арсенал блесна на европското тло, Лацио и Атлетико со една нога во полуфиналето (ВИДЕО)

Арсенал блесна на европското тло, Лацио и Атлетико со една нога во полуфиналето (ВИДЕО)

Екипата на Арсен Венгер славеше со високи 4:1 на домашен терен против ЦСКА Москва во рамки на четвртфиналето во ЛЕ.

Во раната 9. минута резултатот го отвори Ремзи, а брзо потоа Головин за гостите успеа да израмни на 1:1. Сепак до крајот на полувремето, Арсенал ја заврши целата работа, благодарение на погодоците на Лаказет во 22. и 35. минута од мечот, како и уште едниот гол на Ремзи во 28. минута од мечот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид исто така резултатот го постави во првиот дел, во кој Коке по само 22 секунди го запиша првиот погодок, а Гризман во 40. минута го постави конечниот резултат.

Доста погодоци имаше и на мечот помеѓу Лацио и Салзбург. Лулиќ во 8. минута го отвори мечот за домашните, а преку пенал Бериша за гостите успеа да израмни во 30. минута. На стартот на вториот дел, Пароло го зголеми водството на Лацио во 49. минута, а Миниамино по само една минута од своето влегување повторно успеа да ремизира на 2:2 со погодок во 71. минута. Но, Андерсон и Имобиле во само две минути ја запечатија судбината на гостите од Салзбург.

На последниот меч вечерва, Лајпциг славеше минимално над Марсеј, благодарение на погодокот на Вернер во судиското продолжение во првото полувреме.

https://www.youtube.com/watch?v=nZ_J-tvcqX8

https://www.youtube.com/watch?v=SPrY7nha1_o

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…