Дома Останати Арената неспремна, пари нема: Сплит останува без Европско првенство

Арената неспремна, пари нема: Сплит останува без Европско првенство

Европското првенство во ракомет ќе се игра наредната година од 12-ти до 28-ми јануари во Хрватска и тоа во четири града, но во последен момент може да има промена, пренесуваат хрватските медиуми.

Додека во Загреб, Вараждин и Пореч сѐ е подготвено за континенталниот шампионат, домаќинството на Сплит е доведено под прашање, па можно групата во која се Хрватска, Шведска, Србија и Исланд, да ја преместат во Осиек.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


ЕХФ од Хрватска бара до 22 ноември да ја достави листата на градовите домаќини со потврда дека сите сали ги исполнуваат условите за организација на ЕП. Пореч, Загреб и Вараждин се подготвени, но во Сплит реализацијата на проектот воопшто не е започната, поради финансиски причини.

Градот Сплит се обврзал дека финансиски ќе ја помогне организацијата на ЕП за „Спаладиум арената“ да биде целосно во функција за натпреварите во групата. Двонеделна организација на ЕП според пресметките ќе чини 137.610 евра. Тука влегува и сумата за средувањето на фасадата и интервенција во семафорот, кој во моментот не ги исполнува стандардите на ЕХФ.

Градот Сплит понудил да плати 118.872 евра, што значи дека организаторот се наоѓа во пат-позиција за сума од 20.000 евра. Доколку домаќинот во наредните 48 часа не најде решение, тогаш Сплит би можел да ја загуби организацијата на натпртеварите во А-групата, а таа би била префрлена во Осиек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…